ПРВ.мк
Македонија

Голем пожар во Скопје – изгореа неколку дуќани

Голем пожар во Скопје – изгореа неколку дуќани

Голем пожар избувна рано утрово во скопската општина Шуто Оризари. Според првичните информации, огнот зафатил и уништил неколку дуќани.

На местото интервенирале противпожарни екипи, а пожарот брзо се проширил на поголем дел од објектите.

За среќа, според досегашните информации, нема повредени лица.

Причината за пожарот засега не е позната. Неофицијално се споменува можноста пожарот да бил подметнат, но ова сè уште не е потврдено од надлежните институции.