ПРВ.мк
Македонија

(ФОТО) ИЗГУБЕНА ЖЕНА ВО СКОПЈЕ: Синот упатува итен апел – нема трага од неговата мајка!

(ФОТО) ИЗГУБЕНА ЖЕНА ВО СКОПЈЕ: Синот упатува итен апел – нема трага од неговата мајка!

Во дворот на основното училиште Петар Поп Арсов во Скопје, вчера е пријавено исчезнување на повозрасна жена, по што нејзиното семејство веднаш започнало потрага и упатило јавен апел за помош.

Според информациите што ги сподели нејзиниот син, жената последен пат била видена во тој реон, по што ѝ се губи секаква трага.

Тој замолува сите граѓани кои можеби ја забележале или имаат каква било информација да се јават на телефонскиот број 070/399-945.

Жената во моментот на исчезнувањето носела розови тренерки и блуза со црно-бели пруги, што може да помогне во нејзиното препознавање.

Семејството апелира за брза реакција, бидејќи секоја информација може да биде клучна за нејзиното пронаоѓање.