ЕВН Македонија информира дека утре, 11 јули, поради планирани технички зафати на електродистрибутивната мрежа, делови од Општина Петровец ќе останат без електрична енергија.
Прекинот е најавен во периодот од 08:15 до 15:15 часот, а ќе ги опфати дел од корисниците во селата Огњанци, Чифлик, Петровец, Катланово, Катлановско Блаце, Бадар и Кожле.
Без струја во истиот временски период ќе останат и локалитетите Фазанерија, Јасен, Стари Лозја, пумпата „Фазанерија“, ЗИК „Фазанерија“, Фазанерија Тотинци, пумпата за водоснабдување во Кожле, како и тунелот Катланово.
Од ЕВН посочуваат дека прекинот е планиран и е неопходен за реализација на технички работи на електродистрибутивната мрежа.
На граѓаните им се препорачува навреме да ги планираат своите активности и, доколку е потребно, да преземат мерки за заштита на електричните уреди за време на прекинот.








