ПРВ.мк
Македонија

Родителите на загинатите од ПУЛС со остра порака: Не можеме повеќе да чекаме, го губиме трпението - еве што бараат!

Родителите на загинатите од ПУЛС со остра порака: Не можеме повеќе да чекаме, го губиме трпението - еве што бараат!
Kristal

Денеска во Кочани се одржа нов протестен марш под мотото „Марш за ангелите“, на кој родителите повторно ја потенцираа својата долгорочна борба и упатија јавно прашање до надлежното обвинителство за статусот на обвинителниот акт во истрагата за можна одговорност на полицајци.

– Денеска се обраќаме до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Согласно начелата на владеење на правото, законитоста и еднаквоста на сите граѓани пред законот, покажавме трпение и одговорност и во период од три плус три месеци не побаравме информации за текот и статусот на обвинителниот акт. Тоа го сторивме со цел да ѝ овозможиме на надлежната институција непречено, професионално и независно постапување. Меѓутоа, рокот што беше јавно и институционално најавен, со краен датум 12 декември 2025 година, е пробиен – истакна една од демонстрантките.

Протестот ја истакна решеноста на родителите да ја следат истрагата и да обезбедат одговорност за сите сторители, нагласувајќи дека трпението не значи заборав, туку очекување на праведно и професионално постапување од надлежните институции.

FixCredit
Escape