ПРВ.мк
Македонија

Голем пожар се заканува на селата во Валандовско – има потреба за хеликоптери

Голем пожар се заканува на селата во Валандовско – има потреба за хеликоптери
Escape

Пожарот кај валандовското село Грчиште, кој започна вчера, се прошири во два крака и се приближува до селата Казан Дол, Фурка и општина Богданци. Над 50 лица се вклучени во гаснењето, но условите се влошуваат поради силниот ветер и високите температури.

Градоначалникот побара воздушна поддршка, но од МВР стигнал одговор дека технички не можат да испратат хеликоптер. ЦУК испрати дополнителни барања до ДЗС и Генералштабот на Армијата, но сè уште се чека одговор. Ситуацијата станува алармантна – загрозени се животите на жителите, нивниот имот и локалната инфраструктура.

Mia Home Mavrovo