ПРВ.мк
Свет

Москва со загатка: Дали крајот на војната во Украина е на повидок?

Москва со загатка: Дали крајот на војната во Украина е на повидок?
Escape

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, упати неочекувана порака поврзана со иднината на конфликтот во Украина. Тој потенцира дека времето на специјалната воена операција ќе зависи од тоа колку западната поддршка со оружје ќе стигнува до Киев. Според него, Русија веќе забележува „проблеми“ во снабдувањето со муниција и ракети.

Песков алудира дека помалку оружје и ракети за Украина значи поблиску завршување на војната, отварајќи простор за можен пресврт.

Ова се случува во контекст на информациите од американскиот портал Politico, кој објави дека САД привремено ја прекинале испораката на муниција кон Украина, заради исцрпување на нивните резерви. Официјални лица од Белата куќа потврдија дека прекинот е поврзан со заштита на националната безбедност.

Во меѓувреме, американскиот конгресмен Брајан Фицпатрик побара итен брифинг од Белата куќа и Пентагон поради ситуацијата.

Песков посочи и дека американската одбранбена индустрија очигледно не може да произведе доволно ракети за сите потреби, особено затоа што значајни количини се доставуваат и на Израел, покрај Украина. Тој додаде дека Кремљ внимателно ги следи сите движења во оваа област, оставајќи простор за неизвесност околу иднината на конфликтот.

Mia Home Mavrovo