Под превезот на тишина, со месеци се водела тајна истрага... Денес, Скопје и Куманово осамнаа со голема полициска акција, која разоткри мрежа за трговија со дрога што, како што се сомнева Обвинителството, делувала на национално ниво.
Операцијата била внимателно планирана од Основното јавно обвинителство Скопје, во тесна соработка со МВР. Користени се специјални истражни мерки, а рациите се спроведувале под директна контрола на јавен обвинител. При упадите во повеќе објекти, запленето е значително количество амфетамин и приведени се неколку лица, за кои постои сомнеж дека се дел од поголема криминална мрежа.
Институциите најавуваат дека конечните детали ќе бидат соопштени по завршување на оперативните активности, но според првичните информации – ова е една од најголемите акции против организирана нарко-група во последните години.