Најголемиот грчки остров Крит стана сцена на катастрофа – пожарот што беснее во областа Ласити уништува домови, хотели и насади, принудувајќи илјадници туристи да бегаат во паника.
Сцените од Јерапетра се апокалиптични – чад, огнометни јазици и евакуирани семејства кои бараат спас во спортски сали. Над 1.000 лица се засолнија таму, додека други заминале од островот со бродови. Хотелските работници проценуваат дека најмалку 5.000 туристи веќе ја напуштиле областа, што може сериозно да ја погоди туристичката сезона.
Пожарот избувнал пред два дена и брзо се проширил поради силни ветрови и исклучително суво време. Во гаснењето помагаат и екипи од Атина, но ситуацијата е влошена откако огнот се рашири на три фронта.
Домови, вили и хотели се целосно уништени, неколку лица се хоспитализирани поради вдишување чад, но засега, среќно, нема жртви. Властите не исклучуваат нови евакуации, а пламените јазици и понатаму заканувачки се движат кон населените места.