ПРВ.мк
Балкан

ПОЛИЦИСКА КОНТРОЛА ЗАВРШИ СО АПСЕЊЕ: Тинејџер фатен со десетици грами кокаин и синтетичка дрога - еве каде требало да ја достави!

ПОЛИЦИСКА КОНТРОЛА ЗАВРШИ СО АПСЕЊЕ: Тинејџер фатен со десетици грами кокаин и синтетичка дрога - еве каде требало да ја достави!

Деветнаесетгодишен државјанин на Албанија е уапсен во Хрватска откако полицијата при претрес на неговото возило пронашла поголема количина наркотични средства.

Инцидентот се случил во петокот вечерта во близина на одморалиштето кај Пировац, каде полициски службеници од Одделот за криминалитет со дрога забележале паркиран автомобил покрај државниот пат Д8. Во близина на возилото се наоѓал млад маж чие однесување им било сомнително, по што полицијата извршила проверка.

Со налог од Жупанискиот суд во Шибеник бил извршен претрес на автомобилот, при што биле пронајдени 71,4 грама кокаин, како и МДМА во кристална форма и таблети.

Полицијата запленила 92 ПВЦ ќесички во кои имало 71,4 грама кокаин, 39 ќесички со вкупно 31,2 грама кристален МДМА и уште 60 таблети од истата дрога. Од осомничениот биле одземени и парични средства за кои се проверува потеклото.

По завршувањето на криминалистичката истрага, деветнаесетгодишникот бил предаден на притворски надзорник во Полициската управа во Шибеник, а против него е поднесена кривична пријава за неовластено производство и промет со дрога.

Хрватската полиција посочи дека акцијата е дел од континуираните активности за спречување на трговијата со наркотични средства, особено во текот на летната туристичка сезона кога е зголемен бројот на луѓе и движењето низ јадранскиот регион.

Најнови вести