Генерал-мајор Михаил Гудков, заменик-командант на руската морнарица и водач на бригадата што се бореше на украинскиот фронт, беше ликвидиран во Курскиот регион, јави гувернерот Олег Кожемјако.
Според неофицијални извори од воени канали на Телеграм, Гудков загина заедно со десетина други војници во украински напад врз командниот центар Коренево, кој се наоѓа покрај границата со Украина.
Гудков беше еден од највисоко рангираните руски офицери што загинаа од почетокот на војната во февруари 2022 година. Гувернерот истакна дека тој ги посетувал своите морнари лично и беше одликуван за храброст, но и обвинет од Киев за воени злосторства.
Тој ја предводеше поморската бригада на Руската пацифичка флота која се бореше во Курск, област каде Украина во август 2024 година успеа да заземе територии, иако Русија потоа објави дека целосно ја врати контролата.
Рускиот и украинскиот одбранбен систем засега не го коментираа случајот.