На 2 јули 2025 година, вечерта во Куманово, полицијата го лиши од слобода 56-годишниот Ш.А. кој беше фатен како пали сува трева на улицата „Доне Божинов“. Пожарот брзо го локализираа и изгасија припадниците на Територијалната противпожарна единица Куманово. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава.