Четириесетгодишен жител на Велес бил лишен од слобода вчера околу 13:40 часот на автопатот Скопје–Штип, откако полициски службеници забележале дека при обидот за проверка фрлил кутија од цигари во која имало бела прашкаста материја.
Според информациите од полицискиот билтен, интервенцијата ја презеле полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип.
Тие сопреле патничко возило „опел астра“ со велешки регистарски ознаки, управувано од П.И. (40) од Велес. Кога полицајците се обиделе да извршат преглед, мажот при излегувањето од возилото фрлил кутија од цигари.
Полициските службеници ја пронашле кутијата, во која имало бела прашкаста материја, по што ја одзеле.
Од полицијата информираат дека по целосното документирање на случајот против 40-годишниот велешанец ќе следува соодветен поднесок.




