ПРВ.мк
Македонија

Снег пристигнува во Македонија: УХМР најавува промена на времето кон крајот на неделата

Снег пристигнува во Македонија: УХМР најавува промена на времето кон крајот на неделата

Македонија ја очекува промена на временските услови кон крајот на работната недела, кога се најавуваат локални врнежи од дожд, а на повисоките планини и слаб снег, соопштува Управата за хидрометеоролошки работи.

Според прогнозата, во четврток, 15 октомври, времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност.

Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, кој ќе биде особено изразен долж Повардарието.

Од УХМР најавуваат дека во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и претежно стабилно време, со исклучок на петок, 16 октомври, кога се очекуваат локални врнежи.

На повисоките планински предели дождот ќе премине во слаб снег, што ќе донесе зимски услови на поголемите надморски височини.

Ветерот во четврток ќе биде засилен, а наместа и силен, додека од петок се очекува постепено слабеење.

До крајот на прогнозираниот период ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, кој повремено ќе биде поизразен во Повардарието.

И покрај најавените снежни врнежи, засега станува збор за слаб снег на повисоките планини, а не за снег во градските средини.

Според најавата на УХМР, по краткотрајната промена во петок, се очекува продолжување на претежно стабилните временски услови.