ПРВ.мк
Македонија

ЕДЕН КЛИК ПОБЛИСКУ ДО ИНСТИТУЦИИТЕ: Дигитален асистент за лица со попреченост - што може дигиталниот асистент да ви помогне?

ЕДЕН КЛИК ПОБЛИСКУ ДО ИНСТИТУЦИИТЕ: Дигитален асистент за лица со попреченост - што може дигиталниот асистент да ви помогне?
Kristal

Официјалната интернет-страница на републичкото Собрание е надградена со современи решенија за дигитална пристапност, со цел да се обезбеди еднаков и полесен пристап до информациите за лицата со попреченост, информираа денеска од собраниската прес-служба.

Новата платформа овозможува подобрено користење за лица со визуелни, моторни и когнитивни потешкотии, нудејќи појасна структура, поедноставна навигација и поразбирлива содржина на парламентарните материјали.

Од Собранието нагласуваат дека надградбата е реализирана во согласност со Европската директива EN 301 549 и меѓународните стандарди WCAG 2.1, што претставува значаен чекор кон модерно и инклузивно дигитално управување.

„Ова не е само техничко унапредување, туку конкретна потврда на заложбата за транспарентност, дигитализација и активно вклучување на граѓаните. Достапните информации ја зајакнуваат довербата и ја прават демократијата пофункционална и поотворена“, се наведува во соопштението.

FixCredit
Escape