ПРВ.мк
Црна Хроника

ВНИМАНИЕ ВОЗАЧИ: Густа магла го отежнува сообраќајот на овие патни правци!

ВНИМАНИЕ ВОЗАЧИ: Густа магла го отежнува сообраќајот на овие патни правци!
Kristal

Автомото сојузот на Македонија информира дека утрово сообраќајот на државните патишта се одвива нормално и без застои, по претежно суви коловози.

Сепак, поради појава на магла, видливоста е значително намалена – до околу 50 метри – на патните правци во близина на Ресен и Удово, поради што се препорачува зголемена внимателност.

Сообраќајниот интензитет надвор од урбаните средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна засега нема подолги задржувања ниту за влез, ниту за излез од државата.

Од АМСМ апелираат возачите да ја прилагодат брзината на движење според условите на патот, строго да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да управуваат внимателно, особено на делниците кои минуваат низ котлини, речни долини и клисури, каде постои зголемен ризик од одрони.

Како критични точки се издвојуваат патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

FixCredit
Escape