Во заедничка контролна акција на полицијата, Пазарниот инспекторат, Управата за јавни приходи и Трудовиот инспекторат, синоќа биле откриени сериозни прекршувања во угостителски објект во Тетово.
Контролата била спроведена во локал на улицата „Јован Ончески“, каде инспекциските служби затекнале шест малолетни лица кои консумирале алкохолни пијалоци. Според надлежните, алкохолот им бил послужен во самиот објект.
За настанот ќе одговараат двајцата управители на локалот, И.С. (23) и М.Ј. (22), двајцата од село Брвеница. Против нив ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „послужување алкохол на малолетници“, предвидено и санкционирано со Кривичниот законик.
Малолетните лица биле безбедно предадени на нивните родители, додека инспекциските органи утврдиле и дополнителни неправилности во работењето на угостителскиот објект, за кои ќе следуваат соодветни мерки.
















