ПРВ.мк
Црна Хроника

НЕМИРНА НОЌ ВО ВЕЛЕС: Пијанство, приведување и напад врз службено лице - ова се промилите утврдени во крвта!

НЕМИРНА НОЌ ВО ВЕЛЕС: Пијанство, приведување и напад врз службено лице - ова се промилите утврдени во крвта!
Kristal

Во раните утрински часови во Велес, пијан возач бил лишен од слобода, откако при сообраќајна контрола било утврдено дека управува возило под дејство на алкохол, а подоцна и физички нападнал полициски службеник.

На 20 декември 2025 година, околу 02:10 часот, на улицата „Благој Ѓорев“, полициски службеници од СВР Велес сопреле патничко возило марка „рено“ со скопски регистарски таблички, управувано од М.Н. (49) од Велес.

По извршен алкотест, кај возачот биле измерени 1,62 промили алкохол во крвта, по што тој бил приведен во полициска станица. Според информациите од полицијата, при задржувањето М.Н. физички нападнал еден од полициските службеници.

За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против осомничениот ќе бидат поднесени кривични пријави по:

  • член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“
  • член 383 од Кривичниот законик – „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“

Од МВР апелираат до возачите да не управуваат возила под дејство на алкохол и да ги почитуваат сообраќајните прописи, со цел заштита на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

FixCredit
Escape