ПРВ.мк
Македонија

ГОЛЕМА ЧИСТКА ВО ДУИ: Ахмети со драстични кадровски промени - еве кои се на мета!

ГОЛЕМА ЧИСТКА ВО ДУИ: Ахмети со драстични кадровски промени - еве кои се на мета!
Kristal

Демократската унија за интеграција се соочува со најдлабоката внатрепартиска трансформација од своето основање. На денешниот прв конгрес по изборите, лидерот Али Ахмети се очекува да иницира масовна смена на кадри, со што повеќе од две третини од сегашното раководство би било заменето со нови лица.

Овој чекор се толкува како директна реакција на изборниот пораз и обид за рестартирање на партијата преку подмладување и реорганизација на врвот.

Се затвора ли ерата на старите функционери?

Според информации што ги пренесуваат албанските медиуми, повикувајќи се на извори од врвот на партијата, подготвен е неофицијален список на истакнати функционери кои би можеле да се повлечат од раководните позиции. Станува збор за имиња што со години го обликуваа политичкиот профил на ДУИ:

Талат Џафери, Теута Арифи, Рамиз Мерко, Садула Дураку, Муса Џафери, Фатмир Бесими, Фатмир Дехари, Назим Буши, Агим Нухиу, Ејуп Алими, Ејуп Рустеми, Џеват Адеми.

Наместо нив, Ахмети наводно планира да промовира целосно нови кадри, што би означило сериозен обид за структурна и кадровска реформа во партијата.

Аналитичарите предупредуваат: Смените не се доволни

Политичкиот аналитичар Сефер Селмани оценува дека најавениот кадровски пресврт е неопходен, но истовремено укажува дека вистинската промена не може да се сведе само на имиња.

„Освен нови луѓе, ДУИ мора да го смени и начинот на функционирање. Без промена на политичката практика, реформата ќе остане само козметичка“, смета Селмани.

Во однос на улогата на Али Ахмети, аналитичарот предупредува дека негово повлекување во овој момент би имало сериозни последици.

„Ако Ахмети сега се повлече, тоа би можело да доведе до распад на партијата. Сепак, ДУИ мора постепено да се подготвува за транзиција на лидерството во иднина“, додава Селмани.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape