ПРВ.мк
Црна Хроника

СООБРАЌАЈКА СО ТРАГИЧЕН ИСХОД: Јанчев доби обвинение - еве каква казна го чека!

СООБРАЌАЈКА СО ТРАГИЧЕН ИСХОД: Јанчев доби обвинение - еве каква казна го чека!
Kristal

Основното јавно обвинителство Скопје покрена обвинение против Сашко Јанчев, пратеник од политичката партија Левица, поради основано сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.

Обвинението произлегува од сообраќајната несреќа што се случи на 14 септември, по полноќ, во скопското село Марино, во која трагично го загуби животот 16-годишниот Матеј Димовски, додека 13-годишно девојче, кое било сопатник, се здоби со тешки телесни повреди.

Од Обвинителството информираат дека по спроведена детална истражна постапка биле обезбедени сите релевантни докази, како и извршени сообраќајно-технички и медицински вештачења, врз основа на кои се утврдиле причините и текот на несреќата.

Според обвинението, Јанчев управувал патничко возило „Хјундаи Тусон“ и при изведување на маневар не ги почитувал сообраќајните правила, со што го довел во опасност јавниот сообраќај и безбедноста на другите учесници.

„Обвинетиот извршил непрописно свртување без претходно да се увери дека тоа може да го направи безбедно и без да ги загрози останатите учесници во сообраќајот“, соопштува Обвинителството.

Во истиот момент, во неговото возило удрил мотоцикл марка „Јијинг“, кој бил без регистарски таблички и без соодветна светлосна сигнализација. Мотоциклот го управувал малолетникот кој немал возачка дозвола, а ниту тој ниту неговата сопатничка носеле заштитни кациги.

Како резултат на здобиените тешки повреди, 16-годишниот возач на мотоциклот подоцна починал, додека девојчето било хоспитализирано со сериозни телесни повреди.

FixCredit
Escape