Пет лица, меѓу кои и деца, го загубија животот во израелски воздушен напад врз училиште во населбата Ал Туфа, во источниот дел на градот Газа, каде што биле засолнети раселени семејства.
Според локални извори, во нападот има и повеќе повредени, кои се пренесени на болничко лекување. Нивната здравствена состојба засега не е официјално прецизирана.
Израелската армија соопшти дека операцијата била насочена кон лица осомничени дека отвориле оган од подрачје надвор од воспоставената линија за прекин на огнот. Од друга страна, Хамас нападот го оцени како „брутален чин“ и сериозно прекршување на договорот за примирје.
Палестинското Министерство за здравство во Газа наведува дека од почетокот на важноста на договорот за прекин на огнот досега, во израелските напади загинале околу 400 Палестинци, што дополнително ја влошува хуманитарната состојба во енклавата.
















