ПРВ.мк
Македонија

Две возила опожарени за само час и половина – еве што стои зад сето ова!

Две возила опожарени за само час и половина – еве што стои зад сето ова!
Kristal

Во текот на ноќта во Скопје се случија два одделни инциденти во кои беа опожарени патнички возила од марката „Ауди“. Министерството за внатрешни работи соопшти дека пожарите се случиле на различни локации и без повредени лица.

Првиот случај бил пријавен околу 02:00 часот на улицата „Христо Татарчев“, каде било запалено „Ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 20-годишниот Г.Ч. од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Кусо потоа, околу 03:30 часот, бил пријавен уште еден пожар на улицата „Лазар Димитров“, каде горело „Ауди А4“ сопственост на 61-годишната Р.Л.Г. И овој пожар бил изгаснат без пријавени повредени.

Во двата случаи извршен е увид од СВР Скопје, а истрагата за причините и околностите што довеле до пожарите е во тек.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo