ПРВ.мк
Македонија

Висок одзив на имунизацијата кај предучилишни и школски деца во Велес, Чашка и Градско – над 95% вакцинирани со оваа вакцина!

Висок одзив на имунизацијата кај предучилишни и школски деца во Велес, Чашка и Градско – над 95% вакцинирани со оваа вакцина!
Kristal

Годишниот извештај на Службата за превентива при ЈЗУ Здравствен дом Велес за 2025 година покажува дека имунизацијата кај децата од предучилишна и училишна возраст во Велес и соседните општини Чашка и Градско е на исклучително високо ниво. Задолжителните вакцини и ревакцини, според националниот Вакцинален календар, ги примиле над 91% од децата во овие општини.

Особено е значаен високото ниво на вакцинација со ХПВ вакцина, која во минатото предизвикуваше сомнежи кај дел од родителите. Во 2025 година со ХПВ вакцина биле вакцинирани 94,8% од децата кои подлежат на задолжително вакцинирање, додека ревакцинирани се 595 од 645 деца. Со оваа вакцина веќе се опфатени и машки деца, што е новина во програмата.

Имунизацијата со останатите задолжителни вакцини, како МРП, ПОЛИО и ДИ ТЕ, исто така бележи високи резултати. На пример, МРП вакцина примиле 97,6% од децата, а ревакцинацијата на 13-годишна возраст изнесува 95%.

Здравствените работници истакнуваат дека редовната имунизација е клучна за создавање на здрави генерации и за унапредување на квалитетот на јавното здравје на нацијата.

Во првите шест месеци од 2026 година, Службата ќе се фокусира на вакцинација против тетанус за деца родени во 2008 година, како и на вакцинација со ХПВ за деца родени во 2013 година. Од мај ќе започнат и редовните систематски прегледи за деца што се запишуваат во прво одделение, при што задолжително ќе се аплицира МРП вакцина.

Началничката на Службата, д-р Татјана Самаракова, истакна дека програмата за работа годинава ќе се спроведува со само четири здравствени работници – две лекарки и две медицински сестри, поради заминувањето во пензија на две медицински сестри на крајот од 2025 година, што значи намалување на човечките ресурси за 30%.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo