ПРВ.мк
Македонија

АЛАРМ ЗА РОДИТЕЛИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Итно повлечена бебешка формула поради опасна бактерија!

АЛАРМ ЗА РОДИТЕЛИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Итно повлечена бебешка формула поради опасна бактерија!
Kristal

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во текот на вчерашниот ден спровеле вонредна инспекциска контрола кај оператор со храна – увозник на почетна и последователна формула за доенчиња, како и диететска храна за посебни медицински намени, откако АХВ добила итно известување преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни на Европската Унија (Rapid Alert System for Food and Feed – RASFF).

Како што информираат од АХВ, станува збор за небезбеден производ кој бил пласиран на македонскиот пазар. Конкретно, повлекувањето се однесува на бебешката формула APTAMIL AR 2, ENG 24×400 g, со серија 2027.01.02, во вкупна количина од 912 парчиња, со потекло од Ирска. Кај овој производ е утврдено присуство на цереулид (cereulide) – токсична супстанца која претставува сериозен ризик по здравјето на доенчињата, а како извор на контаминацијата во нотификацијата е наведено маслото ARA.

„Со спроведената контрола е утврдено дека целокупната увезена количина е веќе дистрибуирана на пазарот во Македонија, односно производот не е пронајден во магацините на увозникот. Истовремено, како што и самиот оператор ја известил Агенцијата и јавноста, веќе се спроведува итно повлекување на дистрибуираните количини од пазарот“, соопштуваат од АХВ.

Од Агенцијата апелираат до сите потрошувачи кои го имаат купено овој производ со наведениот лот и рок на употреба да не го користат, туку истиот да го вратат на местото каде што е купен, со цел заштита на здравјето на бебињата.

Во однос на информациите за повлекување на неколку брендови бебешки формули од компанијата „Нестле“ во повеќе европски земји, од АХВ информираат дека во моментов се вршат проверки дали тие производи се увезени и дистрибуирани и на македонскиот пазар. Засега, за тие формули не е добиено официјално известување преку европскиот систем за брзо предупредување.

„Како институција одговорна за безбедноста на храната, Агенцијата за храна и ветеринарство континуирано ја следи состојбата и доколку се појави потреба, навремено ќе реагира со преземање на сите неопходни мерки за заштита на животот и здравјето на најмладите“, се наведува во официјалното соопштение.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape