ПРВ.мк
Црна Хроника

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Навивачи на ПАОК загинаа во тешка сообраќајна несреќа близу српската граница!

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Навивачи на ПАОК загинаа во тешка сообраќајна несреќа близу српската граница!
Kristal

Тешка сообраќајна трагедија се случи во Романија, на околу 80 километри од границата со Србија, во близина на Темишвар, каде што животот го загубија седум навивачи на грчкиот фудбалски клуб ПАОК, јавуваат романските медиуми.

Несреќата се случила додека групата навивачи патувала кон Франција, каде нивниот тим требаше да одигра натпревар од Лигата на Европа против екипата на Лион, закажан за четврток.

Според првичните информации и снимките кои кружат на интернет, комбето во кое се наоѓале навивачите во еден момент започнало претекнување, по што, од засега неутврдени причини, ненадејно преминало во спротивната сообраќајна лента и директно удрило во камион кој доаѓал од спротивен правец.

Вознемирувачкото видео што се појави на социјалните мрежи го прикажува моментот на силниот судир, по кој комбето буквално се распаѓа за само неколку секунди. Сцените предизвикаа шок и реакции низ јавноста.

Во страшната несреќа, седум лица го загубиле животот на лице место, додека тројца навивачи ја преживеале и биле итно пренесени во болница со тешки повреди. Нивната здравствена состојба засега не е официјално соопштена.

По судирот, на местото на настанот веднаш интервенирале полициски екипи, противпожарни служби и брза помош. На дополнителните снимки што се појавија подоцна се гледа комбето целосно уништено покрај автопатот, непрепознатливо од силата на ударот.

Истрагата за причините за несреќата е во тек, а надлежните служби ги утврдуваат сите околности кои довеле до оваа голема трагедија.

ВИДЕО

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape