Хаос во Солун: за време на градежни работи за поставување на нов водоводен цевковод на улицата „Агиу Димитриу“, експлодирал цевковод, при што четворица работници се повредени.
Тројца од нив добиле прва помош и се пуштени на домашно лекување, додека четвртиот останал на болничко лекување. Обвинителството отвори истрага за да утврди дали се почитувани безбедносните процедури и дали постои евентуален пропуст што може да се квалификува како кривично дело.
Ситуацијата на терен била хаотична, а истрагата ќе ја расчисти причината за несреќата и одговорноста.

















