ПРВ.мк
Македонија

УБАВА ВЕСТ: Мицкоски со најнова информација за зголемување на минималната плата!

УБАВА ВЕСТ: Мицкоски со најнова информација за зголемување на минималната плата!
Kristal

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговори на новинарско прашање во врска со протестот на Сојузот на синдикати, истакнувајќи дека секој граѓанин има право на протест.

„Минималната плата согласно закон ќе биде зголемена во месец март, односно со платите во април за март. Секоја одлука која ќе произлезе од бипартитниот дијалог ќе биде поддржана од нас“, рече Мицкоски.

Министерот за економија, Бесар Дурмиши, неодамна потврди дека минималната плата со редовното мартовско усогласување ќе се зголеми за 1.500 до 2.000 денари.

Оваа година се очекува и раст на пензиите, бидејќи просечната плата природно ќе се зголемува. Министерката за финансии, Гордана Димитриеска – Кочоска, објасни дека согласно сегашните пресметки, во март пензиите би можеле да пораснат за околу 1.000 денари, додека за септември Владата ќе одлучи дали зголемувањето ќе биде линеарно.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo