Полицијата поднесе кривична пријава против 54-годишен маж од Делчево кој подолг временски период психички ја малтретирал својата сопруга.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево го пријави мажот поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „телесна повреда“.
Пријавениот, според информациите од полицијата, во текот на подолг период ѝ упатувал закани на својата 54-годишна сопруга, а во периодот од 6 до 8 јануари 2026 година, физички ја нападнал во семејниот дом.

















