Вистинска среќа е што нема повредени во драматичниот инцидент што се случи на улицата „Љубен Иванов“ во Штип. Голем потпорен ѕид ненадејно попушти и се сруши врз паркирани возила, предизвикувајќи значителна материјална штета, објави порталот „М-нет“.
На фотографиите и видеата од местото на настанот се гледа застрашувачка глетка: големи бетонски блокови, земја и камења буквално згмечиле најмалку два автомобили.
Најлошо поминало патничко возило марка „Шкода“ со бела боја, кое е речиси целосно покриено од срушената конструкција, додека врз друго црно возило паднала тешка метална ограда.
На среќа, во инцидентот нема повредени, но штетата на возилата е голема, а истражителите ќе утврдуваат како дошло до попуштањето на ѕидот.

















