ПРВ.мк
Македонија

ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО: Ќе се тестираат камерите на овој автопатот!

ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО: Ќе се тестираат камерите на овој автопатот!
Kristal

Секторот за внатрешни работи Охрид денеска ќе спроведува активности за тестирање, калибрација и верификација на сообраќајните камери поставени во рамките на проектот „Безбеден град“.

Активностите ќе се реализираат на делницата од автопатот Охрид–Кичево, помеѓу селата Горенци и Требеништа, како и на потегот од Ботун до Ново Село во општина Дебрца.

Планирано е постапката на секоја локација со поставена камера да трае еднократно, од 15 до 30 минути, со почеток во 12 часот.

Од СВР Охрид апелираат до сите учесници во сообраќајот на овие делници да покажат разбирање за активностите, да ги почитуваат привремените ограничувања и насоките на полициските службеници, со цел безбедно спроведување на мерките.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo