ПРВ.мк
Македонија

ТАЈНА НОЌНА ОПЕРАЦИЈА НА САЕ ТИГАР ВО МАКЕДОНИЈА - Ова се деталите!

ТАЈНА НОЌНА ОПЕРАЦИЈА НА САЕ ТИГАР ВО МАКЕДОНИЈА - Ова се деталите!
Kristal

Доцна синоќа, во близина на Свети Николе, безбедносните служби спровеле координирана полициска акција во која бил спречен обид за транспорт на околу 200 килограми марихуана.

Во акцијата учествувале специјализирани тимови на БЈБ при МВР, во кои биле вклучени припадници на Одделот за организиран криминал и елитната единица САЕ Тигар. За време на интервенцијата биле запрени вкупно три возила, од кои едно било со швајцарски регистарски ознаки, а другите две со македонски таблици.

Според информациите до кои дошол порталот, возилото со странски ознаки, во кое се наоѓала марихуаната, било натоварено на македонско шлеп возило. Колоната, како што се наведува, имала и посебно возило кое служело како претходница со задача да го „чисти“ патот и да сигнализира евентуална опасност.

Дополнително, според сознанијата, станува збор за добро организирана криминална група која подолг период дејствувала не само на територијата на Македонија, туку и во неколку соседни држави, што укажува на поширока мрежа и сериозен меѓународен криминален ланец.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo