Вчера, на 26 јануари 2026 година, околу 17:20 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата помеѓу улиците „Васил Ѓоргов“ и „Шарски Одреди“ во скопската населба Капиштец, патничко возило „Фолксваген Фокс“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 60-годишниот З.А. од Скопје, удрило во пешакот Б.К. (59) од Скопје.
Според информациите од МВР, во несреќата 59-годишната Б.К. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје.
На местото на несреќата извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, а се преземаат сите потребни мерки за расчистување на случајот.

















