ПРВ.мк
Македонија

Државата и Општина Велес вложуваат 13 милиони денари за спас на езерото Младост

Државата и Општина Велес вложуваат 13 милиони денари за спас на езерото Младост
Escape

Владата ќе инвестира 10 милиони денари за ревитализација на езерото Младост кај Велес, кое веќе две години е забрането за употреба поради еколошки колапс. Јавното претпријатие за водостопанство „Лисиче“ потпиша договор со Министерството за животна средина, од каде доби 4 милиони денари за санација на темелниот испуст на браната Отовица и изработка на сифонско решение. Дополнителни 6 милиони денари ќе следуваат преку Министерството за земјоделство за активности што ќе се спроведат во две фази.

Првата фаза ќе чини 1 милион денари и предвидува чистење на површината и крајбрежниот појас, а втората – вредна 5 милиони – ќе опфати геолошки истражувања и копање бунари за дотур на свежа вода – единствено решение за враќање на кислородот и животот во езерото.

Директорот Ване Маневски најави дека утре ќе започнат јавните набавки, а теренските работи би почнале за околу 15 дена. Тој изрази благодарност до Владата, повикувајќи се на стручните анализи направени од Хидробиолошкиот завод од Охрид.

Покрај тоа, Општина Велес ќе вложи дополнителни 3 милиони денари за чистење на Отовичка река и дислокација на дел од колекторот што собира отпадни води од околните објекти. Целта е целосно спасување на екосистемот на велешкото езеро Младост, кое веќе е на работ на биолошки колапс.

Mia Home Mavrovo