ПРВ.мк
Македонија

ДРАМА ДОЦНА ВЕЧЕРТА: Пламен зафати семејна куќа, 10 пожарникари се бореа со пожарот!

ДРАМА ДОЦНА ВЕЧЕРТА: Пламен зафати семејна куќа, 10 пожарникари се бореа со пожарот!

Десет пожарникари од Територијалната противпожарна единица Струмица ноќеска интервенираа при пожар што избувнал на кровната конструкција на семејна куќа, при што со навремена реакција успеале да спречат поголема материјална штета и ширење на огнот.

Интервенцијата започнала околу 23:30 часот, кога била добиена пријава за пожар. На местото веднаш биле испратени три противпожарни возила и 10 пожарникари-спасители, кои започнале со гаснење на огнот.

Благодарение на брзата, координирана и професионална интервенција, пожарот бил ставен под контрола за кратко време. Пожарникарите успеале да спасат поголем дел од покривната конструкција и да спречат пламенот да се прошири кон останатиот дел од куќата, како и кон соседните објекти, со што била избегната уште поголема штета.

Од Територијалната противпожарна единица Струмица информираат дека интервенцијата завршила успешно и дека во пожарот нема повредени или човечки жртви.

Воедно, од единицата упатија благодарност до сите пожарникари-спасители кои учествувале во акцијата, истакнувајќи дека нивната професионалност, пожртвуваност и брза реакција биле клучни за успешно справување со пожарот и за спречување на посериозни последици.