Денес во Македонија ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време. Во претпладневните часови во повеќе делови од земјата се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, со слаб до умерен интензитет.
Во текот на денот ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој на одредени места може да достигне брзина и над 60 километри на час. Најизразен ќе биде во северните и централните делови од земјата.
Утринските температури ќе бидат ниски за овој период од годината и ќе се движат од 0 до 4 степени, додека дневните ќе достигнат од 13 до 20 степени.
Кон крајот на денот се очекува постепено намалување на облачноста.









