Во засилена полициска акција спроведена низ Скопје, за само осум часа биле санкционирани 113 возачи на мотоцикли, мопеди, трицикли и четирицикли.
Најголем број прекршоци се однесувале на возење без заштитна кацига, при што биле изречени 45 санкции. Дополнително, 17 лица управувале велосипед со помошен мотор без соодветна возачка потврда.
Полицијата санкционирала и четворица возачи поради управување со несоодветна категорија на возило, а откриени биле и три нерегистрирани мотоцикли.
За време на контролата, еден мотоциклист бил приведен поради безобѕирно управување со возило, согласно член 297-а од Кривичниот законик.
Од МВР информираат дека ваквите засилени контроли ќе продолжат и во наредниот период со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.









