ПРВ.мк
Македонија

ДОШЛА ДА СЕ ГРИЖИ ЗА БОЛНА ЖЕНА, ЗАВРШИЛА ВО БОЛНИЦА: Негувателка била претепана кога сакала да замине од работното место!

ДОШЛА ДА СЕ ГРИЖИ ЗА БОЛНА ЖЕНА, ЗАВРШИЛА ВО БОЛНИЦА: Негувателка била претепана кога сакала да замине од работното место!

Косовска државјанка пријавила во полиција дека подолг временски период била изложена на психичко и физичко малтретирање од тетовец кој ја ангажирал да се грижи за неговата болна мајка, а при обид да го напушти работното место била физички нападната и тешко повредена.

Според информациите од СВР Тетово, на 14 јуни 2026 година околу 13 часот, во полициска станица се јавила Џ.М. (50) од Косово и пријавила дека била нападната од Г.Ј. од Тетово.

Во пријавата навела дека извесен период работела како негувателка и дека за тоа време била изложена на психички и физички притисоци. Според нејзините тврдења, кога работодавачот се посомневал дека сака да си замине, ја нападнал и ѝ нанел тешки телесни повреди.

Повредите биле констатирани во Клиничката болница во Тетово, каде што ѝ била укажана медицинска помош.

Од полицијата информираат дека поради нерегулиран престој во државата, жената била приведена во полициска станица, а потоа спроведена до Граничниот премин „Јажинце“.

Во меѓувреме, СВР Тетово презема мерки за пронаоѓање на пријавениот тетовец. По неговото пронаоѓање и целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Надлежните институции продолжуваат да ги утврдуваат сите околности поврзани со настанот.

Најнови вести