ПРВ.мк
Сцена

ДРАМА ЗА СИНОТ НА ЦЕЦА: Вељко четири месеци не можел да оди, а потоа донел животна одлука!

ДРАМА ЗА СИНОТ НА ЦЕЦА: Вељко четири месеци не можел да оди, а потоа донел животна одлука!

Српскиот боксер Вељко Ражнатовиќ отворено проговори за еден од најтешките периоди во својот живот, откривајќи дека поради сериозна дискус хернија со месеци бил врзан за кревет и не можел нормално да се движи.

По седуммесечен престој во Москва, каде што работел на закрепнувањето и враќањето во форма, Ражнатовиќ вели дека конечно успеал да ја надмине повредата која долго време му создавала големи проблеми.

„Повредата ме натера да заминам во Русија. Имав дискус хернија и знаев дека морам да направам нешто радикално. Три до четири месеци лежев во кревет и не можев да одам. Пред тоа долго време куцав и тренирав и покрај болките, сè додека болката не почна да се спушта по ногата“, раскажал боксерот.

Тој открил дека токму во тој момент решил целосно да го промени својот начин на живот и максимално да се посвети на закрепнувањето и спортската кариера.

„Имав само 28 години и решив да се обидам да направам нешто повеќе. Денес сум во многу подобра позиција, а за седумте месеци во Москва стекнав контакти за цел живот и пронајдов тренер со кој сакам да работам“, изјавил тој.

Иако физичкото закрепнување било голем предизвик, Вељко признава дека емотивно најтешко му паднала разделбата со семејството. За време на престојот во Русија живеел во подворјето на Српската православна црква, каде, како што вели, бил опкружен со свои луѓе.

Сепак, најмногу му недостигале неговите деца.

„Децата растат само еднаш. Ми испраќаа снимки од моменти кои требаше да ги доживувам со нив, а јас бев далеку и бркав сон кој можеби никогаш нема да се оствари“, признал Ражнатовиќ.

Посебни зборови упатил и за сопругата Богдана, која безрезервно го поддржала во текот на целиот процес.

„Не е лесно да го пуштиш сопругот седум месеци да живее сам во Москва. Таа има огромна доверба во мене и навистина е кралица. Голема привилегија е да имаш таква жена покрај себе“, истакнал боксерот.

Освен на спортски план, Ражнатовиќ е активен и во бизнисот. Тој открил дека поседува фарма за свињи, чие работење го доверил на близок соработник додека бил во Русија.

„Среќен сум што имам луѓе на кои можам целосно да им верувам, исто како што му верувам на семејството“, заклучил Вељко во поткастот „Права приказна“.