Филипините денеска беа погодени од силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Епицентарот на земјотресот бил на отворено море, на длабочина од 112 километри под површината.
Засега нема извештаи за евентуални повредени лица или за предизвикана материјална штета. Надлежните служби соопштија дека не е издадено предупредување за опасност од појава на цунами.
Според изјавите на очевидци објавени на веб-страницата на ЕМСЦ, потресот бил исклучително силен и во погодените региони се почувствувало интензивно лулање.







