Тешка сообраќајна несреќа се случила во селото Ораовица, радовишко, во која учествувале двајца млади возачи на мотори, при што тројца лица завршиле со повреди и биле пренесени во болница.
Според информациите од полицијата, несреќата се случила меѓу мопед „априлија“ со радовишки регистарски ознаки, управуван од 15-годишник од селото Ораовица, и мотоцикл „хонда“ кој го управувал 18-годишниот К.Т. од селото Подареш.
Во несреќата и двајцата возачи се здобиле со тешки телесни повреди, додека 16-годишен сопатник од мопедот исто така е повреден. Сите повредени се згрижени во Клиничката болница во Штип.
Инцидентот се случил на место викано „Манастирско место“, а според првичните информации, и двајцата возачи управувале без возачка дозвола, што дополнително ја усложнува ситуацијата.
Полицијата извршила увид на местото на настанот и работи на целосно расчистување на случајот. По завршување на постапката ќе бидат поднесени соодветни пријави против инволвираните лица.





