ПРВ.мк
Македонија

„Да си жена во оваа држава е казна“ – потресна и вирална објава ја крена јавноста против семејното насилство!

„Да си жена во оваа држава е казна“ – потресна и вирална објава ја крена јавноста против семејното насилство!
Kristal

Калина Коси, Македонка со повеќе од 25.000 следбеници на Фејсбук, вирално ја сподели својата потресна објава по трагичниот настан во Тафталиџе, говорејќи за суровата реалност со која се соочуваат жените во Македонија. Таа пишува:

„Најдлабоко и најискрено сочувство до семејството и блиските на починатата мајка и ќеркичка!

Да си жена во оваа држава е казна! Целиот свој живот ќе бидеш исмејувана, омаловажувана, дискриминирана на секој чекор, на милион начини:

  • Ќе ти се смее прво наставникот по физичко зошто не можеш да прескокнеш некое си таму магаре оти по конституција си слаба, па ќе добиеш 3-ка место 5-ка!
  • Ќе се пријавиш некаде за работа, ќе те праша газдата дали имаш намера деца да раѓаш!
  • Ќе останеш бремена, ќе те избркаат од работа додека си на породилно!
  • Ќе ти каснат со исплата на породилното!
  • Ќе те пцујат и ќе ти се дерат во сообраќај со предрасуди дека само затоа што си жена – немаш поим од возење!
  • Ќе работиш по цели денови под изговор дека си рамноправна со мажот, а дома кога ќе дојдеш, сама и ќе готвиш и ќе переш и ќе пеглаш!
  • Ќе заглавиш со некое говедо кое ќе те тепа секој ден, а комшиите ќе си ќутат за да „не се мешаат во приватни животи“, не било тоа „нивна работа“ или од страв да не дознае говедото кој го пријавил.
  • Ќе ти викаат дури и најблиските околу тебе „Абе види, ако ти ветил дека нема веќе, дека ќе се промени, дај му шанса, атер за децата, најлесно е да се разведеш.“
  • Ќе ти тропне полицаец на врата додека говедото се изживува и ќе те праша „Да не има нешто?“, од страв под закана ќе му кажеш „Не, само малку се скаравме“ и тој ќе ти поверува, ќе си отиде и вечерта дома мирно ќе си спие.
  • Ќе го пуштаат говедото после 100 пријави за насилство слободно да си се шета и да те следи и да те млати кај стигне.
  • И на крај кога ќе завршиш во јавност како осакатена, убиена или ќе се самоубиеш од мака, дел од сограѓаните ќе ти коментираат „Што мајка со таков си барала“.

Не барала ниту една жена да се роди во оваа држава во која на ниту една званична институција не ѝ е гајле низ што поминуваш и не се труди да те заштити!

Уште колку жени и деца треба да умрат за да се освестат институциите, построго да се казнуваат насилниците, да се сменат законите? Уште колку?

Да си жена во оваа држава е казна! Точка.

И не сме мрднале од таа мртва точка ни милиметар!“

Објавата на Калина Коси предизвика масовно споделување и јавна дебата за потребата од заштита на жените, построги закони за семејно насилство и културна промена во односот кон родовата еднаквост во Македонија.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo