Од почетокот на март, билетите за претставите во велешкиот Театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ се покачени. Одлуката ја донесе Управниот одбор на Националната установа.
Новата цена за тековниот репертоар е 300 денари, додека за премиери билетите чини 500 денари. За ученици и студенти, цената останува половина од редовната, односно 150 денари.
Велешкиот театар соочува со голем интерес за билетите – во февруари 10 од 14 претстави беа распродадени веднаш по почетокот на продажбата. Ова следи по трендот од почетокот на годинава, кога цените на билети во неколку државни културни институции во Скопје исто така се покачија, достигнувајќи понекогаш и до 1.000 денари.


















