Киро Глигоров останува една од најенигматичните и најстратегиските фигури на југословенската транзиција. Ново декласифицирани документи од американската разузнавачка служба ЦИА го потврдуваат неговиот внимателен дипломатски пристап во раните 1990-ти, пренесува албанската новинска агенција ИНА.
Според документ од ноември 1992 година, Глигоров успеал да ја води Македонија како новоформирана држава по отцепувањето од поранешна Југославија, маневрирајќи помеѓу притисоците од Грција, ризикот од Белград и внатрешните етнички тензии со Албанците. Во извештаите тој е опишан како „мудар реформатор“ со извонредно владеење на стратешките детали.
Најизненадувачкиот момент откриен во документите е дека Глигоров одбил приватна понуда од грчки функционери од 100 милиони долари со услов да се промени името на државата. Претседателот оценил дека барањата се целосно неразумни и нагласил дека Македонија никогаш нема да ги прифати. И покрај потребата од економска помош, тој истовремено ја критикувал Европската заедница за поддршка на грчкото вето.
Глигоров со ова ја потврди својата репутација на лидер кој пред се ја штител сувереноста и националниот интегритет на новата македонска држава.


















