ПРВ.мк
Македонија

Судската администрација се закани: Можеме веднаш да запреме со работа, одлуката е на вас!

Судската администрација се закани: Можеме веднаш да запреме со работа, одлуката е на вас!
Kristal

Судската администрација во одредени судови најави дека од утре може да прекине со работа, револтирана од последната одлука на Судскиот буџетски совет. Средствата од судскиот буџет, наместо за додатоци и плати на администрацијата, ќе се користат за тужби поднесени од судии, што предизвика незадоволство меѓу вработените.

Претседателот на синдикатот УПОЗ, Трпе Деаноски, истакна дека незадоволството на судската администрација е од порано, поврзано со платите и додатоците, но одлуката за одложување на исплатата на јубилејните награди ја прели чашата.

– Нашите членови уште во петок се изјаснија дека се подготвени да прекинат со работа почнувајќи од вторник. Сметаат дека е неосновано да се одлеваат средства за тужби на судии, а истата одлука да не важи за администрацијата. Особено е проблематично што судиите добиваат средства по тужби за спогодби, иако потпишале дека нема да тужат, додаде Деаноски.

Вработените го критикуваат Судскиот буџетски совет за нерамноправен третман и бараат еднаква исплата на јубилејни награди и додатоци за сите, а не само за судиите.

FixCredit
Atensa 300
Escape