ПРВ.мк
Економија

КРАЈ НА РАБОТАТА НА ЦРНО: Студенти и пензионери официјално на пазарот на труд - еве од кога ќе може да започнат!

КРАЈ НА РАБОТАТА НА ЦРНО: Студенти и пензионери официјално на пазарот на труд - еве од кога ќе може да започнат!
Kristal

Од 1 јануари 2026 година во Македонија стапува во сила новиот Закон за работно ангажирање лица, кој за првпат го регулира секторот на сезонска работа и има за цел да го намали сивиот економски сектор. Законот го најави заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, истакнувајќи дека со него се овозможува легално, безбедно и флексибилно вработување на различни категории граѓани.

Законот им овозможува на студенти, пензионери, невработени и самовработени лица да се ангажираат дополнително, без да ги загубат постојните бенефиции: пензионерите го задржуваат својот пензионерски статус, студентите студентскиот, а невработените социјалните права.

Регулативата ги опфаќа трите најдинамични сектори со голема потреба од сезонска работна сила: угостителството, земјоделството и услужните дејности.

Една од најзначајните новини е мобилна апликација преку која работодавците ќе можат веднаш да ги пријавуваат или одјавуваат ангажираните лица, со што се овозможува моментална контрола и спречување на работата „на црно“.

Според законските одредби, лицата ќе можат да бидат ангажирани од 120 до 180 дена годишно, во зависност од дејноста, или максимум 15 дена месечно. Законот истовремено има за цел да ги зголеми приходите на граѓаните кои сакаат дополнителен ангажман и да ја интензивира борбата со неформалната економија.

FixCredit
Atensa 300
Escape