34-годишна скопјанка пријавила во полиција дека додека го расчистувала домот на својот починат дедо, во куќата на подрачјето на Бит Пазар пронашла оружје и муниција.
Станува збор за пиштол од марката „Берета“, рамка за пиштол и куршуми, кои, според пријавата, му припаѓале на нејзиниот починат дедо.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје на 16 ноември, во 14:30 часот. По пријавата, полициските службеници го презеле пронајденото оружје и муницијата, кои се предадени за понатамошна постапка.







