ПРВ.мк
Македонија

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ВЕЛЕШАНИ: Заврши реконструкцијата на улицата „Васил Ѓорѓов“ - еве што е следно!

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ВЕЛЕШАНИ: Заврши реконструкцијата на улицата „Васил Ѓорѓов“ - еве што е следно!

Заврши реконструкцијата на улицата „Васил Ѓорѓов“ во Велес, откако беа поставени двата слоја асфалт и беа реализирани предвидените градежни активности на коловозот.

По завршувањето на асфалтирањето, градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев, заедно со претседателот на Советот на Општина Велес, Даниел Јаневски, како и пратениците Игор Здравковски и Александар Јамалов, извршија увид во досега завршените работи на улицата.

Со поставувањето на двата асфалтни слоја е завршен главниот дел од реконструкцијата, но активностите на терен ќе продолжат и во наредниот период.

Предвидено е тротоарите да бидат поплочени со бехатон-плочки, со што ќе се уреди пешачкиот простор и ќе се подобрат условите за движење на пешаците.

Дополнително, Јавното комунално претпријатие „Дервен“ ќе го уредува просторот хортикултурно, односно ќе се работи на негово разубавување и уредување со соодветно зеленило.

Со овие активности треба да биде заокружено целосното уредување на улицата „Васил Ѓорѓов“, откако претходно беше завршено асфалтирањето на коловозот.