ПРВ.мк
Балкан

ФИЛМСКА АКЦИЈА НА БУЛЕВАР: Жена уапсена при дилање хероин - купувачот има 83 години!

ФИЛМСКА АКЦИЈА НА БУЛЕВАР: Жена уапсена при дилање хероин - купувачот има 83 години!

Инспекторите на белградската полиција со денови ја следеле државјанката на Словенија поради сомнение дека препродава наркотици, но сцената што ја затекнале на Булеварот на крал Александар ги изненадила и најскусните оперативци, дознава „Телеграф.рс“.

По повеќедневна опсервација, полициските службеници од Полициската станица Стар Град во понеделникот тргнале во акција. Во моментот кога одлучиле да реагираат, осомничената Д. Л. (48) му пришла на маж и му продала две кесички со околу четири грама хероин.

Кога инспекторите им пришле и им ставиле лисици на рацете, следувало изненадување – се испоставило дека купувачот е осумдесеттригодишен Белграѓанец Љ. О.

Претресот открил и „штек“ стан

При прегледот на самото место, кај осомничената била пронајдена уште една кесичка со околу два грама хероин. Меѓутоа, таму не бил крајот.

Полицијата набргу го претресла станот каде што Д. Л. престојувала непријавено. Таму биле пронајдени уште шест кесички хероин, како и 68.800 динари и 65 евра, за кои постои сомнение дека потекнуваат од продажба на дрога. Вкупно биле запленети околу 18 грама од овој наркотик.

По налог на Вишето јавно обвинителство во Белград, на осомничената Д. Л. ѝ е одредено задржување до 48 часа поради сомнение дека сторила кривично дело неовластено производство и ставање во промет на опојни дроги, додека осумдесеттригодишниот купувач се товари за неовластено држење на опојни дроги.