ПРВ.мк
Македонија

Два продолжени викенди нè очекуваат во октомври – еве кога нема да се работи

Два продолжени викенди нè очекуваат во октомври – еве кога нема да се работи

Октомври годинава носи две можности за продолжен викенд, благодарение на државните празници што се поврзуваат со сабота и недела.

Првиот продолжен викенд е по повод 11 Октомври – Денот на народното востание. Празникот годинава се паѓа во недела, па согласно Законот за празниците, понеделник, 12 октомври, е неработен ден. Така, граѓаните ќе имаат три слободни дена по ред – од сабота до понеделник.

Само десетина дена подоцна следува уште една можност за тридневен одмор. 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, годинава се паѓа во петок, што значи дека заедно со сабота и недела се добива уште еден продолжен викенд.

Според тоа, во октомври неработни по повод овие празници се 11, 12 и 23 октомври, при што 11 октомври е недела.