ПРВ.мк
Македонија

ПРЕСУДАТА СТАНА ПРАВОСИЛНА: Љупчо Пецов – Ѓаволот признал вина, еве каква казна доби

ПРЕСУДАТА СТАНА ПРАВОСИЛНА: Љупчо Пецов – Ѓаволот признал вина, еве каква казна доби

Љупчо Пецов – Ѓаволот е правосилно осуден откако признал вина за едно кривично дело „Злосторничко здружување“ и две кривични дела „Даночно затајување“, од кои едното во форма на помагање.

Пресудата била донесена на 24 август 2026 година врз основа на признание на вина, а станала правосилна на 21 септември, бидејќи ниту една од странките не поднела жалба.

На Пецов му е утврдена затворска казна од две години, но таа нема да биде извршена доколку во следните пет години не стори ново кривично дело. Дополнително, изречена му е парична казна од 8.000 евра.

Со пресудата му е изречена и десетгодишна забрана да биде основач или управител на правно лице, како и да управува, раководи или располага со имот на правно лице.

Казнето е и правното лице ДУТУД „А.К.А.П.“ ДООЕЛ, кое е во стечај. Фирмата треба да плати еден милион денари, а во следните пет години има забрана за добивање дозволи, лиценци и концесии, учество во постапки по јавен повик и основање нови правни лица.

Од Кривичниот суд посочуваат дека при одмерувањето на казната била земена предвид и потребата од процесна избалансираност со останатите обвинети во комплексниот предмет, кои исто така признале вина, ја надоместиле паричната штета и во раздвоени постапки добиле алтернативни мерки.