Тетовец бил приведен откако полициски службеници интервенирале по пријава за нарушување на јавниот ред и мир со гласна музика, при што 34-годишникот се однесувал агресивно кон полицајците.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека денеска по полноќ, во 02:20 часот, полициски службеници го привеле К.Н. (34) од Тетово.
Полицијата постапувала по претходна пријава за нарушен јавен ред и мир со гласна музика на улицата „Браќа Симоски“ во Тетово. Според МВР, пријавениот агресивно се однесувал кон полициските службеници додека тие преземале службени дејствија.
При преземањето мерки било утврдено и дека 34-годишникот бил под дејство на алкохол. При извршеното мерење биле регистрирани 1,78 промили алкохол во крвта.
Од полицијата додаваат дека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.







